Достапни линкови

logo-print

Иран-уапсен дипломат соработник на Ахмадинеџад


Мохамед Шариф Малекзадех

Мохамед Шариф Малекзадех

Поранешниот соработник на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад бил уапсен денеска, кратко откако беше избркан од дипломатските кругови од конзервативните пратеници. Иранските агенци јавуваат дека Мохамед Шариф Малекзадех бил уапсен пред неколку часови, поради сомневање дека направил финасиски малаверзации и бројни прекршувања на законот. Министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи го назначен Малекзадех за заменик-министер за надворешни работи минатата сабота, но беше принуден да ја прифати неговата оставка по три дена откако пратениците започна постапка за отповикување на Салехи, затоа што го именувал. Малекзадех беше висок функционер во Високиот совет во иранското министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG