Достапни линкови

ДПА ќе ги разгледува резултатите од изборите


На денешниот состанок на Централното собрание на ДПА во Тетово, според најавите од партискиот претседателот Мендух Тачи, ќе се разгледаат резултатите од последните парламентарни избори, а ќе се утврдат и насоките за понатамошното политичко дејствување на партијата. Тачи изјавил дека во демократијата не е како во комунизмот и одговорноста, не е колективна туку лична, па ќе поднесе оставка само ако тоа го побараат од него партиските тела и луѓето што ја поддржуваат ДПА. Носам одговорност затоа што пред три години оваа партија беше скоро исчезната или играше во четврта или петтта лига, но имам и заслуги затоа што сега повторно сме во прва лига и тоа никој не го спори, изјави Тачи.
XS
SM
MD
LG