Достапни линкови

Милошоски-влезот во ЕУ останува приоритет на новата Влада


Антонио Милошоски и Штефан Филе во Брисел

Антонио Милошоски и Штефан Филе во Брисел

Евроинтегративниот процес останува приоритет на новата влада, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата на премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Што се однесува до решавање на деценискиот спор со Грција, на денешната средба Груевски ја истакнал силната волја и посветеност на новата влада. А најавената средба на маргините на Самитот на Европските народни партии со грчкиот премиер е одлична политичка порака дека постои расположение од двете страни за изнаоѓање решение за спорот со името, изјави министерот Милошоски
XS
SM
MD
LG