Достапни линкови

Сајбер крадци одзеле 72 милиони долари од меѓународни сметки


Од украинската разузнавачка служба велат дека уапсиле 16 компјутерски хакери под сомнение дека користеле компјутески вирус за да земат повеќе од 72 милиони долари од меѓународни сметки. Уапсените биле на возраст од 26 до 33 години и со одлично познавање на компјутери. Но се уште нема обвиненија против нив, па така тие ќе бидат ослободени. Сајбер крадците користеле постоечки компјутерски вирус и интернет сервери во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Кипар и Летонија и ги пробивале сметките. Украинскиот закон предвидува затворска казна од три до шест години за сајбер-кражби.
XS
SM
MD
LG