Достапни линкови

Филе -за Македонија спорот за името останува суштинско прашање


Еврокомесарот Штефан Филе

Еврокомесарот Штефан Филе

Решавањето на проблемот со името останува суштинско прашање. Двете страни треба да се ангажираат под покровителство на ОН или, преку директни преговори, да се реши спорот, изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе на средбата со премиерот Никола Груевски. Филе очекува новата влада да се фокусира на реформите во судството, администрацијата, борбата со корупцијата и слободата на медиумите, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и состојбата на Ромите. Како што информира кабинетот на Филе, еврокомесарот нагласил дека препораката за преговори е на сила, но за да продолжи да важи, земјата ќе мора да продолжи со напредокот во спроведувањето на неопходните реформи. Се очекува Македонија да биде меѓу земјите од регионот, кои предводат на патот кон евроинтеграциите. Се оценува дека 2011 година ќе биде година на можности за процесот на проширување за Западниот Балкан, се наведува во соопштението по средбата .Премиерот Груевски попладнево во Брисел ќе се сретне и со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.
XS
SM
MD
LG