Достапни линкови

Србија на патот кон ЕУ го има и Косово


Штефан Филе

Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека Србија треба да постигне напредок во правец на нормализирање на односите со Косово или да се соочи со ризик процесот на нејзиното приклучување кон ЕУ да биде блокиран од земјите членки на Унијата. Слушнав голем број коментари дека всушност никој не е подготвен да прифати нова членка која има отворено прашање во регионот со своите соседи, изјави Филе по средбата со српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во Брисел. Јеремиќ го повтори ставот на Србија дека нема да ја признае независноста на Косово, односно дека овој став на земјата нема да се смени „во следните денови, недели, месеци, години, векови“.
XS
SM
MD
LG