Достапни линкови

Г-20 се договориле за стабилизирање на цената на храната


Земјите членки на групата дваесет најголеми економии и економии во развој, на состанокот во Париз се согласија да преземат низа мерки за стабилизирање на цените на храната во светот по неколкугодишната флуктација.. Францускиот министер за земјоделство, Бруно Ле Маире денеска изјави дека членките на Г-20 се согласиле да се истражува за да се создадат попродуктивни видови на пченица, да се воспостави транспарентен систем за следење на глобалните резерви и да се создаде механизам за брз одговор за справување со сушата во земји производители. Тој изјавил дека со договорот се враќа вербата во можностите за меѓународна соработка и солидарност.
XS
SM
MD
LG