Достапни линкови

На 12-ти јули, започнува 51-то издание на најреномираната музичко - сценска манифестација, фестивалот „Охридско лето".

На 12-ти јули, 51-вото издание на најреномираната музичко - сценска манифестација кај нас фестивалот „Охридско лето“, ќе биде отворен со спектаклот „Трилогија Романа“ од Респиги, во изведба на Македонската филхармонија и продукциската куќа „Ла Фура дел Баус“ од Шпанија. По Валенсија и Рим деновиве, премиерата на проектот во регионов ќе се случи во Охрид.
Ла Фура дел Баус е истата компанија која ги отвори Олимписките игри во Бареселона, Шпанија. Тие само од 2011-та година досега имаат седум нови премиери на оперски дела и четири праизведби на постојни дела. Во моментов се една од најбараните продукциски куќи во светот.

„Ла Фура дел Баус е истата компанија која ги отвори Олимписките игри во Бареселона, Шпанија. Тие само од 2011-та година досега имаат седум нови премиери на оперски дела и четири праизведби на постојни дела. Во моментов се една од најбараните продукциски куќи во светот и навистина приредуваат спектакли од највисок тип. Од другите содржини издвојувам дека на 4 август, на денот роденден на фестивалот, ќе гостуваат осум тенори од Русија, кои што се наречени тенори на 21-виот век, со над десет свои издадени цедеа и со најголемите и најпрестижни награди во Русија. Тие ќе настапат заедно со оркестарот при Македонската опера и балет , вели музичката селекторка на Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска.

Како музички настани кои ќе го одбележат фестивалот, таа ги издвојува Најџел Кенеди, најголемиот и најпродаван светски виолинист на денешницата, кој со класична и џез програма за прв пат доаѓа на летото, виртуозите Влатко Стефаноски и Стефан Миленковиќ, Борис Березовски со други уметници од светската пијанистичка елита денес, Американецот Чарлс Најдих, светски познатиот кларинетист и златната обоа на Русија Алексеј Уткин. Во драмскиот дел ќе се случат три домашни премиери и гостувања на странски театри.

Американската виолинистка Сара Чанг, учесник на Охридско лето

„На 20 август фестивалот ќе биде затворен со грандиозната претстава Одисеј, работена по Хомер, а од великиот режисер од Бугарија Александар Морфов. Најголемиот театарски танчер во светот Јозеф Наџ кој доаѓа ексклузивно прв пат во историјата на своето постоење на Охридско Лето, пред 25 години бил во Скопје со претставата Седумте кози на носорогот, а сега доаѓа со својата најнова продукција, прв пат на фестивалот во Охрид, пред неговото гостување на БИТЕФ во Белград. Како ексклузивитет го имаме најголемото светско име во областа на театарот на движење“, вели Ѓорѓи Јолевски, драмски селектор на фестивалот
На 20 август фестивалот ќе биде затворен со грандиозната претстава "Одисеј", работена по Хомер, а од великиот режисер од Бугарија Александар Морфов.
.

Освен Битолскиот народен театар за затворањето, премиери ќе имаат и Македонскиот национелен театар со Свадбата на Фигаро и новоформираниот Охридски театар со Кабаре мистериозо.

На 20-тина дена пред свеченото отворање, фестивалот кој се смета за најпресижен во регион и познат во светот, како и лани е без директор, со вршител на оваа должност, кој треба да ја испечати програмата и промотивниот материјал и да раководи со манифестацијата, без потребното искуство во контекст на нивото што пет децении го гради Охридско лето.
XS
SM
MD
LG