Достапни линкови

Странци има, ама не трошат пари


Холандската амбасадорка Симоне Филипини со холандските туристи во Охрид

Холандската амбасадорка Симоне Филипини со холандските туристи во Охрид

Во земјава доаѓаат се повеќе странски туристи, но туристичките работници се жалат дека гостите не трошат многу.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска, на граничниот премин Табановце, ќе им дели информативен материјал и пропагандни летоци на странските туристи кои доаѓаат или транзитираат низ Македонија.
Тоа се претежно постари луѓе, пензионери и токму на тоа нивно купување од нивна страна, се жалат субјектите кои што работат во областа на продажбата, значи дуќанчињата, продавниците за сувенири.[...] Значи не е туризмот само хотелот каде што ќе бидат сместени странските гости.

Да се потсетиме на сличните активности што се случуваа во изминатиов месец.

Првата група холандски туристи пристигна во Охрид. Ги пречекаа претставници на владата, холандската амбасадорка, градоначалниците на Охрид и на Струга. На аеродромот свири музика, за гостите има погача и сол, торта и шампањско.

Првата група фински туристи пристигна во Охрид. На охридскиот аеродром беше организиран свечен дочек со погача, сол, торта, ракија и музика. Ги пречека вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој е координатор на проектот на Владата за привлекување странски туристи.

На скопскиот аеродром пристигнаа белгиски туристи. Домаќинска во народна носија ги пречека со погача и сол.

Околу 14 илјади холандски туристи се очекуваат во Охрид. Колкав ќе биде ќарот?

Статистиката покажува дека овие пречеци, за кои многумина се шегуваа дека потсетуваат на пречеците на советскиот лидер Брежњев во земјите од поранешниот источен блок, даваат ефект. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите четири месеци од годинава имало за 20 отсто повеќе странски туристи во однос на истиот период минатата година.

Зоран Стрезовски од Државната агенција за промоција и поддршка во туризмот вели дека бројот на странски туристи е многу поголем во однос на минатите години. Отворивме нови пазари како Финска и Русија и на голема врата ги вративме Холанѓаните, задоволен е Стрезовски.

„Бројот на холандски туристи очекуваме драстично да се зголеми и од нашите очекувања. Нашите очекувања беа дека ќе имаме околу десет илјади туристи од Холандија, но веќе сега по најавите и според букирањето, се очекува околу 14 илјади туристи што е навистина извонредна бројка.“
Нашите очекувања беа дека ќе имаме околу десет илјади туристи од Холандија, но веќе сега по најавите и според букирањето, се очекува околу 14 илјади туристи што е навистина извонредна
бројка.

Според најавите, во Охрид треба да дојдат околу 1.000 фински туристи. Стрезовски најавува дека догодина очекуваат туристи од Полска и од Чешка. Тој посочува дека годинава Македонија конкурура и со цените, кои се исти како ланските, но дека за организираните групи странски туристи, престојот е многу поефтин.

Од друга страна, Никола Киселинов-Боздоган од Туристичко друштво- асоцијација на Охрид „Билјана“, вели дека странци има, ама не трошат пари. На крајот на туристичката сезона ќе се види бенефитот од зголемениот број странски туристи, вели тој.

„Тоа се претежно постари луѓе, пензионери и токму на тоа нивно купување од нивна страна, се жалат субјектите кои што работат во областа на продажбата, значи дуќанчињата, продавниците за сувенири, со нив треба да се разговара и да се почувствува резултатот од тие странски гости кај обичниот човек, кај граѓанинот, или фирмата која што работи во Охрид. Значи не е туризмот само хотелот каде што ќе бидат сместени странските гости.“

Тој посочува и дека странците не се задоволни и од урбанистичката деградација на охридското крајбрежје.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG