Достапни линкови

Наскоро, заживување на американското стопанство


Шефот на Федералните резрви Бен Бернанке

Шефот на Федералните резрви Бен Бернанке

Американската Централна банка соопшти дека стопанската активност во Соединетите држави расте побавно од очекуваното. Централната банка најави дека до крајот на месецов ќе биде завршена програмата за купување државни обврзници во вредност од 600 милијарди долари. Банката не планира никакви натамошни мерки за поттикнување на економијата. По дводневната седница на американските Федерални резерви е соопштено и дека главните причини за забавувањето на американското стопанство како високите цени на нафатата и гасот се привремени и оти се очекува заживување на економијата.
XS
SM
MD
LG