Достапни линкови

Планот за повлекување од Авганистан ,,симболичен,,


Талибанците соопштија дека најавата на претседателот Барак Обама за повлекување на 10 илјади американски војници од Авганистан до крајот на годинава е само симболичен чекор. Во соопштението испратено до медиумите, талибанците наведуваат дека американската администрација постојано повторува лажни надежи дека војната во Авганистан е при крај. Талибанците исто така ги повторуваат најавите дека ќе ги интензивираат борбите се додека не си замине и последниот странски војник од Авганистан.
XS
SM
MD
LG