Достапни линкови

logo-print

Уште еден земјотрес во Јапонија


Земјотрес со сила од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот дел на Јапонија и на кратко време предизвика опасност од цунами. Нема извештаи за жртви. Земјотресот го погоди истиот регион што на 11 март беше зафатен со катастрофален земјотрес и со цунами. Тогаш најмалку 23 илјади луѓе загинаа или се уште се водат исчезанти, додека нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена.
XS
SM
MD
LG