Достапни линкови

Нова рунда мировни преговори меѓу Пакистан и Индија


Дипломати од Пакистан и Индија денеска ќе започнат дводневни разговори за унапредување на мировниот процес меѓу двете ривалски земји кои располагаат со нуклеарно оружје. Високорангираниот индијски дипломат Ниупама Рао ќе се сретне со неговиот колега од Пакистан Салман Башир во Исламбад. Се очекува разговорите да се фокусираат на теми за тероризмот и оспорениот регион Кашмир. Двете земји ги продолжија мировните разговори во Февруари годинава.
XS
SM
MD
LG