Достапни линкови

logo-print

Лидери на европски земји ќе разговараат за кризата во Грција


мерките за штедење предизвикаа немири во Грција

мерките за штедење предизвикаа немири во Грција

Грчката должничка криза се очекува да биде главна тема на дискусија на средбата на лидери од 27 земји членки на Европската унија денеска во Брисел. Самитот се организира додека на финансиските пазари се чека спроведување на најавената одлука на грчките власти, согласно која ќе се скратат 28 милијарди евра од грчкиот буџет а на продажба ќе се даде јавен имот во вредност од 50 милијарди евра. Доколку не се одобрат овие мерки, Грција нема да има право на заем од Меѓународниот монетарен фонд, тежок 12 милијарди евра. Доколку мерките се спроведат, Грција ќе го добие кредитот во Јули, со цел да избегне бакрот.
XS
SM
MD
LG