Достапни линкови

Коњановски бара „орден“ и за Македонија


Американскиот амбасадор Филип Рикер го одликува началникот на ГШ на АРМ, генерал полковник Мирослав Стојановски со орденот „Легија на заслуги“ од Министерството за одбрана на САД
Американскиот амбасадор Филип Рикер го одликува началникот на ГШ на АРМ, генерал полковник Мирослав Стојановски со орденот „Легија на заслуги“ од Министерството за одбрана на САД

Генерал Стојановски го доби највисокото воено одликување од американското Министерство за одбрана што може да му биде доделено на странски воен офицер.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-полковник Мирослав Стојановски, денеска беше одликуван со орденот „Легија на заслуги“ од Министерството за одбрана на САД. Во име на американскит секретар за
Mислам дека не треба да се заостанува во реформите, тие мора да продолжат. Ако и тука застанат реформите тогаш ќе се постават и други прашања кога се работи за организациониот план за членство на Македонија
во НАТО.
одбрана Роберт Гејтс, орденот на Стојановски му го врачи американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер. Орденот „Легија на заслуги“ е највисокото воено одликување од американското Министерство за одбрана што може да му биде доделено на странски воен офицер.

По завршувањето на церемонијата, Стојановски не сакаше да шпекулира кој ќе биде негов наследник на чело на Генералштабот на АРМ. Право на Претседателот и врховен командант на вооружените сили е да одлучи кој ќе биде следен началник на ГШ, но „нема време за експерименти“, посочи тој. Стојановски вели дека мора веднаш да се продолжи со напорна работа, зашто секаков застој и успорување на реформските процеси ќе значи враќање назад. Тој посочува дека АРМ и Министерството за одбрана, во делот на програмата за членство, ги исполнуваат критериумите на Алијансата.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски посака соодветно одликување и за Македонија

„Доказ е тоа што на сите експертски состаноци нема многу забелешки во делот на одбраната тоа ни дава за право да сметаме дека не е работата завршена затоа што ниту еден реформски процес не завршува, тој постојано продолжува и затоа и мислам дека не треба да се заостанува во реформите, тие мора да продолжат. Ако и тука застанат реформите тогаш ќе се постават и други прашања кога се работи за организациониот план за членство на Македонија во НАТО.“

Стојановски смета дека армијата постигнала речиси максимум во овие
услови и со човечкиот потенцијал што го има. За да се постигнат подобри успеси треба и поголеми инвестиции во институцијата, вели тој.
Граѓаните на Македонија го очекуваат и најзначајниот орден за државата полноправно членство во Алијансата, орден што ни е заслужен, а сеуште не ни е доделен, орден кој ќе биде за сите граѓани и сите генерации на Македонија.

Министерот за одбрана Зоран Коњановски, пак, вели дека одликувањето на Стојановски е и признание за стратешката соработка што Македонија ја има со САД. Тој му честита на генералот, но посака соодветно одликување и за Македонија. За земјава, полноправното членство во НАТО претставува заслужена работа, а не награда, вели Коњановски.

„Граѓаните на Македонија го очекуваат и најзначајниот орден за државата полноправно членство во Алијансата, орден што ни е заслужен, а сеуште не ни е доделен, орден кој ќе биде за сите граѓани и сите генерации на Македонија.“

Началникот на генералштабот, Стојановски во овој момент не открива кој ќе биде неговиот иден ангажман. Сигурно е, вели, дека ќе треба да остане да работи уште три години во АРМ, а кога ќе бидат исполнети условите за пензија, тогаш ќе си замине во заслужена пензија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG