Достапни линкови

logo-print

САД и ЕУ загрижени што Русија не дозволи регистрација на партија


Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека Соединетите држави се разочарани од тоа што Русија не дозволи да биде регистрирана една опозициска партија. Со тоа се оневозможува партијата да учествува на изборите за членови на Думата, вели Клинтон. Руското министерство за правда ја одби регистрацијата на опозиционата партија Парнас, која ја формираа поранешниот премиер Михаил Касјанов, поранешниот заменик премиер Борис Немцов и уште неколкумина други политичари. Според образложението, статутот на оваа партија бил во спротивност со законот, а имало и непостоечки членови. И Комесарот за надворешната политика на ЕУ, Кетрин Ештон, исто така, изрази „загриженост“ во врска со одлуката.
XS
SM
MD
LG