Достапни линкови

Холандија-усвоен закон за неутралност на мобилни услуги


Холандските пратеници денеска одобрија закон според кој мобилните компании нема да можат да имаат повластен третман на своите услуги, да блокираат одредени услуги или да наплаќаат екстра за користење на поевтини алтернативи на оние кои тие веќе ги нудат. Според законот за неутралност на услугите, ќе може да им се овозможи на корисниците да користат на пример Скајп или други интернет-услуги на своите телефони и да не им се наплаќа дополнително од основните трошоци за претплата. Телекомуникациски компании лобираа против законот, тврдејќи дека тоа може да резултира со повисоки цени за претплатата или да не можат да понудат квалитетни гаранции за клучните услуги. Но, групите на потрошувачи и за Дигитална слобода велат дека мерката може да постави пример во Европа, со што ќе се обезбеди телекомуникациски компании да не ја злоупотребуваат контрола над мобилни мрежи , а со тоа да ја задушат конкуренцијата и иновациите. Законот мора да биде усвоен и од страна на Сенатот, иако тоа е обично формалност.
XS
SM
MD
LG