Достапни линкови

НАТО ќе продолжи со мисијата во Либија


Андрес фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен изјави денеска дека Алијансата ќе продолжи со својата кампања во Либија, и покрај повиците на Италија да се запре со насилствата , за да им се овозможи хуманитарна помош на цивилите. Во видео порака објавена на интернет страницата на НАТО, Расмусен вели дека дека ќе продложат, со мисијата, затоа што ако запрат, многу цивили може да загинат. Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини претходно побара веднаш да се запре со сите непријателства во Либија за да се овозможи да се воспостави хуманитарен коридор.
XS
SM
MD
LG