Достапни линкови

Данска-осуден напаѓачот на творецот на карикатурата на Мухамед


Карикатурист Курт Вестергард

Карикатурист Курт Вестергард

Апелациониот суд во Данска денеска ја потврди казната за Сомалиецот кој провалил во домот на карикатуристот кој го нацрта пророкот Мухамед. Судот му додаде уште една година, на веќе претходната казна од 9 години од понискиот суд дадена во февруари. Триесетгодишниот маж влегол во станот на данскиот карикатурист Курт Вестергард за прославата на минатата Нова Година, вооружен со секира. Карикатуристот се заклучил во една од собите од страв да не биде повреден. Судот го прогласи виновен Сомалиецот за обид за тероризам . Данските власти велат дека спречиле неколку терористички заговори поврзани со излегувањето на славната карикатура на пророкот Мухамед во еден дански весник во 2005-та година Карикатурата на пророкот Мухамед предизвика протести во муслиманските земји.
XS
SM
MD
LG