Достапни линкови

Уставен одлучи-луѓето кои дале отказ да се сметаат за невработени


Зградата на новиот Уставен суд

Зградата на новиот Уставен суд

Уставниот суд на Македонија на денешната седница го укина член 53, став 1, алинеја 6 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, донесен 2007 година и дополнуван 12 пати, а со кој се предвидуваше вработено лице на кое му престанал работниот однос по негова волја да не се смета за невработено лице.
Укинувањето е затоа што Судот оцени дека со таквата одредба се ограничува слободата на пазарот и претприемништвото така што лицата на кои им престанал работниот однос по нивна волја не се сметаат за невработени, односно не се евидентираат во Агенцијата за вработување, со што од една страна работодавачите немаат увид во тоа кого можат да вработат, а од друга страна неевидентираните невработени лица исто така не можат да се појават на пазарот на работната сила. Иницијативата е поднесена од Здружението на граѓани „Магна карта“ од Велес и од Здружението на граѓани „Ленка“ од Скопје.
XS
SM
MD
LG