Достапни линкови

logo-print

Пропаднаа преговорите меѓу Молдавија и Трансдњестар


Русија е разочарана од тоа што пропаднаат разговорите меѓу Молдавија и нејзината отцепена провинција Трансдњестар. Во соопштението од руското министерство за надворешни работи се наведува дека преговорите пропаднале поради сериозни несогласувања. Во Москава се одржуваше дводневен состанок на кој присуствуваа преставници од Молдавија, Трансдњестар, Русија, Украина, Европската унија, САД и ОБСЕ, на кој сите се обидуваа, двете страни да дојдат до решение. Трансдњестар се отцепи од Молдавија во 1990 година. Двете страни водеа кратка војна во 1992 година. Последните директни разговорите за повторно обединување помеѓу Молдавија и Трансдњестар се одржа во 2006-та година.
XS
SM
MD
LG