Достапни линкови

Авганистан - Лошо место да се биде жена


Меѓу другото, студијата ја посочува штетата што се прави со стереотипните ставови за „прифатливи“ улоги за жените во општеството. Авганистанки носат канти со вода во Кабул на 17 јануари 2011.

Меѓу другото, студијата ја посочува штетата што се прави со стереотипните ставови за „прифатливи“ улоги за жените во општеството. Авганистанки носат канти со вода во Кабул на 17 јануари 2011.

Авганистан е најопаснoто место во светот за жените, покажува студијата што ја изработи фондацијата Томсон Ројтерс. По Авганистан следуваат Демократска Република Конго, Пакистан, Индија и Сомалија.

Од одделот за женски права во Фондацијата Томсон Ројтерс побарале од 200 експерти од целиот свет да ги рангираат земјите по вкупната перцепција на опасност, пристапот до здравствена заштита, насилството, културна дискриминација, како и трговијата со луѓе. Експертскиот тим се состоел од академици, здравствени работници, политичари и новинари.
Не се само очигледните опасности, како што се силувањата и убиствата. Има уште многу други опасности кои ние ги нарекуваме скриени
опасности.

Моник Вила, главен извршен директор на Фондацијата Томсон Ројтерс, вели дека истражувањата покажале дека постојат ризици кои се малку познати, но понекогаш исто толку опасни како и физичките опасности.

„Не се само очигледните опасности, како што се силувањата и убиствата. Има уште многу други опасности кои ние ги нарекуваме скриени опасности“, вели Вила.

Во тие скриени опасности се сместуваат сиромаштијата, дискриминацијата, културните фактори, недостигот од здравствена заштита. Сето тоа, односно нивниот недостиг, го сместил Авганистан на врвот, како најлошо место да се биде жена.

На прославата на Денот на мајката, кој во Авганистан се одбележува на 14 јуни, Саира Шариф, пратеничка од провинција Кост, рече дека прашањата сврзани за женските права не се целосно земени предвид од страна на владата .

Ограничените можности за образование на девојчињата се дел од „скриените опасности“ за жените во Авганистан.

„Женските прашања се само на дел од слоганите на владата и на странците. Кога се дискутира за женските права на настани, се мисли само дека жените живеат во Кабул. Но во провинциите се уште има жени кои не се сметаат за човечки суштества“, вели пратеничката Шариф.
Женските прашања се само на дел од слоганите на владата и на странците. Кога се дискутира за женските права на настани, се мисли само дека жените живеат во Кабул. Но во провинциите се уште има жени кои не се сметаат за човечки суштества.

Истражувањето покажало дека во земјата, смртноста на жените е голема, имаат ограничен пристап до лекари, и речиси немаат економски права.
Друг проблем е што девојките имаат ограничени можности за образование, а тоа е една од оние скриени опасности.

Од организациите за правата на жените велат дека жените кои се обиделе да проговорат или, пак, да се вклучат во јавниот живот и да ги искоренат стереотипите кои се длабоко вкоренети, па се обиделе да станат полицајки или новинарки, често се убивани или заплашувани.

Демократската Република Конго се наоѓа на второ место, главно поради високата стапка на сексуално насилство врз жените. Една неодамнешна студија на американските научници покажа дека околу 400 илјади жени на возраст меѓу 15 и 49 години биле силувани од 2006 до 2007 година.

Пакистан е на третото место на листата поради таканаречените убиства од чест и поради раните бракови. Според Комисијата за човекови права, околу 1.000 жени и девојки умираат годишно заради чест.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG