Достапни линкови

logo-print

Во сабота ќе биде конституирано новото Собрание


Во сабота напладне ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на Парламентот. На седницата ќе биде избран новиoт Претседател на Сoбранието. Со конститутивната седница ќе преседава пратеникот Љубисав Иванов Ѕинго, како нaјстар пратеник во составот.
На дневен ред ќе бидат четири точки и тоа избор на верификациска комисија, потоа верификација на мандатите, како трета точка е избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и четвртата точка ќе биде избор на претседател на Собранието.
XS
SM
MD
LG