Достапни линкови

Сирија ги отфрли обидите за мешање во нејзините работи


Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем денеска ги отфрли сите надворешни обиди за мешање во внатрешните работи на неговата земја. Тој нагласи дека Дамаск бил „воодушевен“ од одржувањето на добрите односи со долгогодишниот сојузник Турција. Неговите коментари доаѓаат, откакао Турција се дистанцираше од властите во Сирија по акцијата против про-демократските протести. Министерот исто така ги отфрли санкциите на Европската инија кон неговата земја, велејќи дека Сирија ќе заборави дека Европа воопшто се наоѓа на мапата. Сирија е под зголемен меѓународен притисок и санкции, по преземањето на брутални мерки за сузбивање на протестите.
XS
SM
MD
LG