Достапни линкови

logo-print

Јемен-40 милитанти на Ал Каеда избегале од затвор


Четириесет милитанти на Ал Каеда избегале од затвор во јужен Јемен, соопштуваат локалните власти. Затворениците избегале откaко затворот во градот Мукала , бил нападнат од вооружени милитанти. За време на нападот еден од чуварите загинал , а неколкумина се повредени. Милитантите кои избегале биле обвинети за терористички напади. Владините сили се бореа со милитанти на Ал Каеда на југот од земјата.
XS
SM
MD
LG