Достапни линкови

Апел за итен прекин на насилствата во Либија


Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини денеска повика на итен прекин на насилствата во Либија за да се овозможи доставување хуманитарна помош за населениот погодено од војната. Фратини предупреди и дека може да биде доведен во прашање кредибилитетот на НАТО поради цивилните жртви од бомбардирањата. Во меѓувреме во Пекинг, кинескиот шеф на дипломатијата Јанг Џиечи изјави дека бунтовниците во Либија се важен партнер за дијалог. Во посета на Пекинг е лидерот на либијскиот транзиционен совет Махмуд Џибрил.
XS
SM
MD
LG