Достапни линкови

Грчкиот парламент синоќа и изгласа доверба на владата на премиерот Јоргос Папандреу. Со тоа е отворен патот за усвојување на непопуларните мерки за штедење, неопходни за излегување на земјата од должничката криза.

За новиот кабинет на Јоргос Папандреу гласаа 155 од 300 пратеници во парламентот.

Гласањето го побара самиот премиер со цел да го реши проблемот со незадоволството меѓу неговите социјалисти и да добие поддршка за дополнителните мерки за штедење кои би требало да се најдат на гласање во парламентот во текот на идната недела.

„Ова гласање на доверба е договор со грчкиот народ, договор за она што може и не може да го вети владата. Но, исто така, и посветеност за она што секој грчки граѓанин може да направи за својата земја.“


Папандреу, минатата недела изврши реконструкција на владата при што за нов министер за финансии го постави Евангелос Венизелос кој вети дека Грција ќе ги усвои мерките кои се услов за добивање на следната рата од финансиската помош на Европската унија.

Според оценките, на Грција и се заканува финансиски колапс доколку не ја добие ратата од над 17 милијарди долари што пак е дел од финансискиот спасувачки пакет вреден околу 158 милијарди долари.
Ова гласање на доверба е договор со грчкиот народ, договор за она што може и не може да го вети владата. Но, исто така, и посветеност за она што секој грчки граѓанин може да направи за својата земја.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо го поздрави резултатот од гласањето, оценувајќи дека тоа е добра вест за Грција, но и за Европската унија во целост.

Како и да е, Баросо го предупреди парламентот дека се уште треба да ги одобри кратењата на буџетските трошоци и фискалните реформи што ги бараат Унијата и Меѓународниот монетарен фонд.

„Единствениот пат е Грција да направи напор да го намали нејзиниот структурен дефицит. Тоа може да го стори само со приватизација и со амбициозен, и без сомневање, болен план, што е неопходен за консолидација на земјата.“

Баросо оценува дека тоа ќе биде голем чекор на грчкиот пат за враќање на оддржливи јавни финансии и напредок.


Но, токму овој план предизвикаа масовни улични протести во земјата. Пред гласањето за доверба, пред парламентот во Атина се собраа илјадници луѓе да го изразат своето незадоволство.

Поддршката за Папандреу во земјата е значително намалена и сега неговиот ПАСОК има помал рејтинг отколку ривалската Нова демократија.

Нејзиниот лидер Андонис Самарас изјави дека предложените мерки нема да функционираат и побара дополнителни преговори. Тој предлага намалување на долгот преку ревитализирање на економијата и преку кратење на даноците.
Единствениот пат е Грција да направи напор да го намали нејзиниот структурен дефицит. Тоа може да го стори само со приватизација и со амбициозен, и без сомневање, болен план, што е неопходен за консолидација на земјата.

„Ако ви се допаѓаат референдуми, тогаш направете го најдобриот референдум од сите. Свикајте избори, господин Папандреу.“

Претходно, вршителот на должноста претседател на Меѓународниот монетарен фонд Џон Липски оцени дека главниот проблем на Грција не е нивото на долгот, туку недостигот на конкурентност, како и нејзината економска изолација во еврозоната и скршениот фискален систем.

„Но, тоа може да се реши. Тоа е прашање на политичка волја“, изјави Липски по вчерашните разговори со германската канцеларка Ангела Меркел. Впрочем, деновиве зачестија критиките дека токму Меркел со својата нерешителност ја влошила ситуацијата во Грција.

Се наведува дека таа повеќе била зафатена со барање поддршка во земјата, отколку со брзо решавање на кризата во еврозоната, што пак ги вознемири светските пазари.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG