Достапни линкови

Изгласана новата влада на Папандреу


Новите грчки министри даваат заклетва во Претседателската палата во Атина на 17 јуни 2011.

Новите грчки министри даваат заклетва во Претседателската палата во Атина на 17 јуни 2011.

Новата влада на грчкиот премиер Јоргос Папндреу доби доверба од парламентарното мнозинство. За доверба во новата влада гласаа 155, а против беа 143, од 300 пратеници во Собранието. Двајца пратеници беа воздржани.
Новата влада, во која го нема досегашниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину, ќе треба да спроведе нови непопуларни мерки за штедење. Европската унија и ММФ ја условија Грција, која се соочува со банкрот, да скрати од трошоците во замена за кредит од 12 милијарди евра. Наредната недела, Грција треба да изгласа нови буџетски кратења во вредност од 28 милијарди евра и нови фискални реформи. Мерките за штедење предизвикаа големи штрајкови со нереди во Грција.
Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо оцени дека резултатите од гласањето за новата влада „се добри вести за Грција, но и за ЕУ како целина“.
XS
SM
MD
LG