Достапни линкови

Обама ќе и се обрати на јавноста за повлекувањето од Авганистан


Американски војници во Авганистан.

Американски војници во Авганистан.

Американскиот претседател Барак Обама, утре доцна навечер по европско време, ќе има телевизиско обраќање до нацијата од Белата куќа, да ги објасни неговите планови за почетокот на повлекување на американските војници од Авганистан. Неименувани американски функционери, за новинските агенции изјавиле дека Обама веројатно ќе соопшти дека до крајот на годинава ќе повлече 10 илјади американски војници од Авганистан, од кои пет илјади летово. Сега таму има околу 100 илјади американски војници.
Според планот, меѓународните сили треба да им ја препуштат грижата за безбедноста во земјата на авганистанските сили до крајот на 2014 година.
По убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, се зголемува протисокот од американските политичари и од јавноста, земјата да излезе од 10-годишната војна во Авганистан.
XS
SM
MD
LG