Достапни линкови

logo-print

Уапсен шефот на мексиканскиот нарко-картел Ла Фамилија


Архивска фотографија: Апсење на членови на мексикански нарко-картел

Архивска фотографија: Апсење на членови на мексикански нарко-картел

Мексиканската полиција го уапси лидерот на озлогласениот нарко-картел Ла Фамилија, Хезус Мендез Варгас, познат како Мајмунот, соопшти мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон. Тој бил уапсен во градот Акуаскалиентес во централно Мексико. На својот Твитер профил, претседателот Калдерон им честиташе на мексиканските полицајци и оцени дека ова е голем удар врз организираниот криминал. Властите нудеа награда од 2,5 милиони долари за апсењето на Мендез. Тој е обвинет за шверц на кокаин, марихуана и метамфетамини во САД, но и за нарачки на киднапирања и убиства на членови на противничките банди.
XS
SM
MD
LG