Достапни линкови

Обвинение за Косовецот што уби американски војници


Автобусот во кој се возеле американските војници при нападот на аеродромот во Франкфурт.

Автобусот во кој се возеле американските војници при нападот на аеродромот во Франкфурт.

Американските федерални обвинители во Њујорк поднесоа обинение за убиство против 21-годишниот косовски Албанец, Арид Ука. Тој е обвинет дека убил двајца, а ранил уште двајца припадници на американските воздухопловни сили на аеродромот во Франкфурт на 2 март годинава. Според обвинението, додека пукал во Американците, извикувал „Алах е голем“ на арапски јазик. Обвинетиот навестил дека го извршил нападот како одмазда за американската мисија во Авганистан, но не се пронајдени негови врски со ниедна терористичка организација.
XS
SM
MD
LG