Достапни линкови

Израел одобрил изградба на палестински домови во Газа


Израелските власти велат дека одобриле изградба на нови 1.200 палестински домови во Појасот Газа . Тое е еден од најголемите станбени проекти на таа територијата во последниве неколку години. Цивилната администрација на Израел соопшти дека одобрила изградба на домови и на 18 училишта, во јужниот дел на Газа. Израел го забрани увозот на градежни материјали во областа, отккао милитантите на Хамас ја презедоа контролата таму во 2007 година. Израел стравува дека милитантите би можеле да ги користат градежни материјали за воени цели. Пратеникот на ОН за Блискиот Исток Роберт Сери, денеска го поздрави овој потег и го опиша како „значаен чекор“.
XS
SM
MD
LG