Достапни линкови

Клинтон ги подржа жените од Саудиска Арабија


Американкиот државен сексретар Хилари Клинтон им ја даде својата подршка на жените од Саудиска Арабија кои протестираат поради забраната да возат автомобили. Таа изјави дека оние кои протестираат се храбри и рече дека нивниот потег е исправен. Изјавата на Клинтон следува откако коалицијата на Саудиски активистки ги повика жените политичари во светот јавно да ги поддржи за да добијат право да возат. Групата од Саудиска Арабија испратила писма до Клинтон и со Кетрин Ештон да им помогнат да се стави крај на тоа само мажите да имаат право да возат.
XS
SM
MD
LG