Достапни линкови

Подготовки за фестивалот „Пеце Атанасоски“


На 2 и 3 јули по 37-ми пат ќе се одржи фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Наместо во Долнени, фестивалот годинава ќе се одржи во Прилеп.

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“ ќе се одржи на 2 и 3-ти јули, по 37-ми пат, но за прв пат од своето постоење наместо на Рудина кај Долнени во автентичен амбиент, ќе се пее, свири и игра на платото пред центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Според организаторите на фестивалот причините што учесниците и љубителите на овој изворен мелос воопшто ќе бидат скратени за едно
Не им е сеедно за тоа што се случува, меѓутоа ќе не разберат дека немаме средства за да им платиме на луѓето да стигнат до Долнени, автобуси од Прилеп праќаме да одат да ноќеваат ваму, сето тоа не стега, во неизвесност ќе бидеме, за да не ризикуваме, значи инцидентно е.

оригинално доживување и изведба се во нерешените имотно-правни односи и поради фактот што недостигаат доволно средства за покривање на сите трошоци. На оваа одлука на Советот на фестивалот не останале рамнодушни, ниту од локалната самоуправа на Општина Долнени.

„Не им е сеедно за тоа што се случува, меѓутоа ќе не разберат дека немаме средства за да им платиме на луѓето да стигнат до Долнени, автобуси од Прилеп праќаме да одат да ноќеваат ваму, сето тоа не стега, во неизвесност ќе бидеме, за да не ризикуваме, значи инцидентно е“, вели Весна Вучиќ, директор на фестивалот.

Таа истакнува дека за нормално одржување на оваа единствена манифестација во државата која го негува изворниот фолклор се потребни 700.000 денари. Од Министерството за култура досега се добиени 250.000 денари, а одобрени се 400.000 денари. Но, годинава ќе учествуваат 300 или поточно 100 уметници повеќе во однос на лани. Затоа побарале, но не добиле дополнителни средства.

„Како не, сме побарале, меѓутоа одговорот е секогаш дека тоа е што е предвидено и како што се работело досега. Едноставно мислам дека има многу работи коишто не се дефинирани и не се согледани на терен. Искрено ќе речам можеби малку ќе биде дрско и безобразно, за вакво нешто да се доживее и да се знае вредноста, треба да се биде на терен. Доколку вие не го почувствувате фестивалот не можете да кажете дали
Овој фестивал е единствен. Една од задачите на фестивалот беше да се анимираат луѓето, да не изумрат инструментите и пеењето. И има резултати од сето тоа, има инструменталисти по училишта, особено во Источна Македонијa.

тоа треба, дали е добро или лошо.“

Истакнува директорката Вуќич и додава дека фестивалот досега ја остварил целта и секоја година ја исполнува својата задача.

„Овој фестивал е единствен. Една од задачите на фестивалот беше да се анимираат луѓето, да не изумрат инструментите и пеењето. И има резултати од сето тоа, има инструменталисти по училишта, особено во Источна Македонија има прекрасни групи, прекрасни инструменталисти, навистина го негуваат. Што се однесува до учесниците, знаете дека ги имало од 3 до 93 години“, додава Вучиќ.

Оценувачка комисија ќе ги додели наградите на најдобрите учесници по категории. Во рамки на манифестацијата ќе се одржи трибина, а на платото пред центарот ќе бидат изложени традиционални македонски јадења кои ќе ги подготват членките на здруженијата на жени од Прилеп. А, за следната година се негуваат надежи дека повторно ќе се игра и пее на Рудина во Долнени на автентичен рурален простор во родното село на покојниот уметник Пеце Атанасоски.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG