Достапни линкови

Александар во Скопје, Филип во Битола


Поставувањето на споменикот на Филип Втори во Битола

Поставувањето на споменикот на Филип Втори во Битола

Додека во Скопје се поставуваше споменикот на Александар Македонски во Битола „дојава“ Филип Втори.

Филип Втори дојава на плоштадот Магнолија во Битола, после две и пол години поминати во општинскиот двор. Споменикот на античкиот владетел беше ставен на мермерниот постамент во центарот на градот само неколку часа пред да биде поставена скулптурата на неговиот син Александар Македонски во Скопје. Споменикот со постамент е висок
Требаше порано да се постави, но поради ситуацијата со Грција се одложуваше.

осум метри, дело е на велешкиот скулптор Ангел Коруновски. На него Филип Втори е прикажан на коњ со прст вперен кон народот. Повеќето битолчани со одобрување го пречекаа коњаникот.

„Требаше порано да се постави, но поради ситуацијата со Грција се одложуваше.“

И Скопје денеска го доби Александар Македонски

„Што има Грција да ни се меша дома, ние не и се мешаме во нејзините работи.“

„Од Австралија доаѓаме како туристи и дојдовме во овој убав ден да го видеме споменикот. Можам да кажам дека сме прерадвани зашто од нашата историја се покажува нешто.“

„Треба да продолжи да се гради, да се покажува нашата историја, да не гини.“
Треба да продолжи да се гради, да се покажува нашата историја,
да не гини.

„Овој споменик може да биде поставен во секоја држава, ова бил голем цер и нема Грција за што да се буни.“

„Овој град го има основано тој човек и многу порано требаше да биде поставен да го гледаат сите. Го личи и споменикот и градот. Ако сега на основачот му подигнете споменик кого го нервирате.“

Од опозицијата велат дека наместо споменици треба да се отворат работни места и да се размислува за иднината, а не за минатото на државата.

„Дали е овој период најбитно да се поставеше Филип Втори наместо парите да се инвестираа во нови работни места? Очигледно Брисел е иритиран и реагира на негативен начин зашто кредитите што ги даваат од
Дали е овој период најбитно да се поставеше Филип Втори наместо парите да се инвестираа во нови работни места?
ММФ и Светска банка ги даваат за развој на државата, а не за споменици. Тоа се проблемите никој не е против споменици, туку против тајмингот кога се поставаат“, изјави Горан Милевски од ЛДП.

„Станува збор за судир на концепти од една страна ЕУ и меѓународната заедница, а на другата страна ВМРО-ДПМНЕ и Македонија како заложник“, вели Томе Наумов од СДСМ.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески кусо изјави дека настанот зборува сам за себе.

Додека Филип Втори се поставуваше во Битола, во Скопје беше поставен споменикот „Воин на коњ“:

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG