Достапни линкови

logo-print

Топи-потребен итен дијалог за излез од кризата во Албанија


Претседателот на Албанија Бамир Топи

Претседателот на Албанија Бамир Топи

Неоходен е итен почеток на политички дијалог меѓу страните и враќање на продуктивната институционална соработка, се согласиле албанскиот претседател Бамир Топи и евроамбасадорот во таа земја Еторе Сеќиу.
Тоа би била најдобрата потврда за умереност која албанската политичка класа може да му ја даде на сопствениот народ и на меѓународната заедница за ангажираноста и реалната волја за излез од политичкиот грч во земјата, стои во соопштението од претседателскиот кабинет. Топи им порача на политичките партии дека е крајно време да се премине од зборови и ветувања на конкретни дела во интерес на Албанија и нејзиниот народ.
XS
SM
MD
LG