Достапни линкови

ЕУ-социјалните мрежи ги изложуваат децата на опасности


Од Европската унија денеска соопштуваат дека сајтовите за социјално вмрежување како Фејсбук ги изложуваат децата на потенцијални опасности како што е заведување од педофили или онлајн малтретирање. Претседателот на Европската комисија Нели Крос во соопштението вели дека повеќето сајтовите за социјално вмрежување не успеаја да осигураат безбедност на профилите на малолетниците . Таа соопштува дека само два сајта Бебо и Мајспејс – обезбедуваат потребна контрола за да се спречи пристап на „потенцијални странци“. Таа својата изјава ја базира на резултатите од испитувањата на 14 социјалните мрежи, вклучително и Фејсбук, кон крајот на минатата година . Од ЕУ соопштуваат дека ќе побараат од сопствениците да направат промени. Крос предупредува дека младите не ги разбираат во потполност последиците од давање премногу информации за нивната приватност на социјалните мрежи.
XS
SM
MD
LG