Достапни линкови

Русија дозволи Белорусија да добие дел од кредитот


Александар Лукашенко

Александар Лукашенко

Русија денеска најави дека ќе ја пушти првата рата од помошта за Белорусија во износ од 800 милиони долaри. Парите се наменети за да се опорави земјата од најлошата економска криза . Евроазиската економска заедница, што е групација од поранешни советски републики, предводена од Русија се согласи да и даде заем на Белорусија во износ од 3 милијарди долари. Рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин денеска изјави дека Белорусија ги исполнила сите формални обврски и денеска ќе ја добие првата исплата Тој исто така рече дека Москва го задржува правото да врши ревизија и да одлучува за ослободување на дополнителни пари ако претседателот Александар Лукашенко забрани увоз на руската стока во Белорусија
XS
SM
MD
LG