Достапни линкови

НАТО изгубиле контакт со еден хеликопрет во операцијата во Либија


Од НАТО соопштуваат дека изгубиле контакт со еден од своите хеликоптери над Либија, но ги негираат извештаите на либиската државна телевизија дека хеликоптерот се срушил. Од таму соопштуваат дека не изгубиле ниту еден од своите хеликоптери за време на мисијата. Либиската државна телевизија денеска емитуваше слики на кои се наоѓаат остатоци од летало, а цитираа и неименуван воен претставник на либиските сили кој вели дека станува збор за Апачи хеликоптер на НАТО, кој бил погоден во близина на Злитан.
XS
SM
MD
LG