Достапни линкови

logo-print

Лидерот на либиските бунтовници во посета на Кина


Махмуд Џибрил

Махмуд Џибрил

Лидерот на либиските бунтовници денеска пристигнал во Кина за да разговара со кинеските власти. Махмуд Џибрил шеф на Националниот преоден Совет ќе разговара со кинескиот министер за надворешни работи. Од министерството соопштуваат дека треба да се разговара за политичкиот дијалог со кој ќе се стави крај на кризата во земјата. Кина со месеци беше воздржана околу ситуацијата во Либија, но во последно време презема чекори за решавање на проблемот.
Во меѓувреме Полска соопшти дека ќе испрати амбасадор во Бенгази, упориштето на бунтовниците во Либија, во текот на претстојното претседателство со Европската унија. Полското Министерство за надворешни работи соопштува дека амбасадорот ќе биде распореден со полно работно време, дур тече мандатот на Полска на чело на ЕУ. Тој ќе ги застапува интересите на 27-те земји членки на ЕУ. Во март, Полска ја затвори својата амбасада во либискиот главен град Триполи.
XS
SM
MD
LG