Достапни линкови

Иванов и Владата различно за протестите


Од протестите во Скопје

Од протестите во Скопје

За прв пат, претседателот Иванов излезе со поинаков став од Владата, поддржувајќи ги барањата на младите кои протестираат против полициската бруталност.

Последните протести против полициската бруталност поминаа со меѓусебни препукувања меѓу младите кои демонстрираат веќе петнаесет дена и новата група која протестираше против како што велат
Ова можеби е прво отстапување од официјалната политика на владата, е во секој случај за поздравување бидејќи во крајна линија претседателот на државата е претседател на државата за да има сопствен став, а не е лик за да ја покрива таа функција во име на владата.
политичка злоупотреба на убиството на Мартин Нешковски. И едните и другите меѓусебно се обвинуваа за политички влијанија диригирани од власта и опозицијата. Во меѓувреме, претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека ги поддржува барањата на демонстрантите кои пред недела дена беа доставени до неговата канцеларија. Иванов се залага за расветлување на случајот преку институциите на системот и одговорното лице или лица да бидат казнети, како и да се спроведе отворена дебата за работата на службите на редот и мирот. Професор Здравко Савески вели дека изјавата на Иванов е доста нетипична во однос на неговото досегашно однесување како претседател на Македонија.

„Ова можеби е прво отстапување од официјалната политика на владата, е во секој случај за поздравување бидејќи во крајна линија претседателот на државата е претседател на државата за да има сопствен став, а не е лик за да ја покрива таа функција во име на владата.“

Претседателот Ѓорге Иванов ги поддржа барањата на демонстрантите

И професорот Мерсел Биљали смета дека за прв пат сме сведоци на една изјава на Иванов која се коси со ставовите на владата, што претставува и негова должност како Претседател, кој треба да ја исполнува Уставната обврска.

„Без оглед на тоа што е став на владата, бидејќи по таа логика немаше да имаме претседател, туку ќе имавме само влада. Мислам дека и за поважни прашања очекувам дека претседателот да изнесува свој став, размилсување кое ќе биде во полза на на севкупниот развој и стратешките интереси на владата.“
Мислам дека и за поважни прашања очекувам дека претседателот да изнесува свој став, размилсување кое ќе биде во полза на на севкупниот развој и стратешките интереси на владата.

Савески вели дека и во иднина би требало Претседателот на државата да се потикне да игра улога на морална фигура, која дава морални оценки, а не да биде потпарол на владата. Во нормални околност ставот на Претседателот владата не би требало да го занемарува, додава тој.

„Но, со оглед на тоа како го имаат маргинализирано претседателот на државата, тоа нема многу да влијае врз нивниот став, но сепак не ќе можат тотално да го игнорираат и штом едно барање ја има поддршката на претседателот на Републиката тоа му дава тежина и легитимитет и на барањата на демонстрантите.“

Според писмото на Иванов, Македонија е доволно зрела демократија и отворено општество да овозможи сите граѓански иницијативи за подобрување на системот, да се артикулираат низ институциите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG