Достапни линкови

Авганистан-бомба за гувернерот на провинцијата Парван


Во експлозија нa автомобил бомба во северен Авганистан , еден човек загинал, а еден е повреден, соопштуваат властите. Бомбата била наменета за гувернерот на провинцијата Парван, но за време на експлозијата тој не бил во автомобилот. При експлозијата еден студент случаен минувач загинал, а телохранителот на гувернерот е повреден. Потпаролот на Талибанците ја презеде одговорноста за настанот. Во меѓувреме од НАТО соопштуваат дека двајца нивни војници загинале вчера во напади во источен Авганистан. Овој месец загинале 42 војници на Алијансата.
XS
SM
MD
LG