Достапни линкови

Александар Македонски поставен на плоштадот Македонија


Во присуство на голем број граѓани, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и авторката на идејниот проект Валентина Стефановска, претпладнево на постаментот на фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје е поставена скулптурата „Воин на коњ“.
Скулптурата висока речиси 13 метри, е изработена од бронза. Поставена е на бетонски постамент висок 10 метри. Техничките процедури и активности околу поставувањето ги изврши стручен и професионален тим од „Фрединандо Маринели“ каде е изработена скулптурата.
Просторот каде што се наоѓа „Воинот на коњ“ ќе се доуреди и ќе биде поставено осветлување
XS
SM
MD
LG