Достапни линкови

Баросо верува дека ќе биде изгласана новата грчка влада


Баросо при посетата на Анкара

Баросо при посетата на Анкара

Грчката Влада во текот на минатата година направи огромни напори за справување со сериозна буџетската криза со што постигна позитивно поместување во фискалната консолидација, иако секако има уште многу работа, изјави доцна синоќа во Брисел председателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо по средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу.
„Верувам дека на новата грчка Влада ќе ја добие довербата на Парламентот“, рече Баросо, додавајќи дека од клучно значење ќе биде пратениците да го усвојат амбициозниот владин пакет за дополнителни фискални мерки и за приватизација, кој е усогласен со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.
Усвојувањето на овој пакет е неопходен услов што го поставија ЕУ и ММФ за исплата на следната транша од финансиската помош за Грција на почетокот на јули.
XS
SM
MD
LG