Достапни линкови

logo-print

Србија: Кандидатски статус и преговори во октомври


Тања Фајон

Тања Фајон

Постои реална можност Србија до крајот на годинава да добие кандидатски статус за членство во ЕУ и во исто време и да добие датум за отпочнување на преговори, изјави за Радио Слободна Европа, Тања Фајон,, пратеник на Европскиот Парламент, член на Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи и правда.

Тања Фајон, пратеник на Европскиот Парламент и член на Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи и правда, во разговорот со нашиот белградски дописник Зоран Главоњиќ вели дека расположението во Европската Унија е такво да е можно Србија до крајот на годината и кандидатски статус и датумот на преговори?
Верувам дека постои реална можност - се зависи од натамошната соработка со српските власти.

„Јас Мислам дека е можно. Верувам дека постои реална можност Србија до крајот на оваа година да добие кандидатски статус и датум за почеток на преговорите. Можно е, но сега зависи од соработка со српските власти.

Се разбира, би било одлично да се види и апсење на осомничениот за воени злосторства Горан Хаџиќ. Тоа би бил уште еден позитивен чекор. Но, во секој случај, се надевам дека во октомври ќе има позитивни вести.“

Тања Фајон со новинарот на РСЕ, Зоран Главоњиќ

Србија, на патот кон европската интеграција, има направено низа други позитивни чекори, смета Тања Фајон, која е известувач на Европската унија за визна либерализација за Западен Балкан.
Таа вели дека проблемот на лажни баратели на азил ги стави Србија и Македонија на маките во врска со визната либерализација.

Точно е, вели Фајон, дека бројот на имигрантите се намали, но тоа не значи дека се е во ред сега. Се уште има граѓани на Србија кои бараат азил во Германија, Белгија, и овие земји и натаму се загрижени.

Во врска со шпекулациите за можно признавање на Косово како држава пред да влезе во Србија во Европската унија, Тања Фајон вели:

„Мислам дека е прерано да се зборува за тоа што мора да Србија да прифати околу Косово или не. Ова е многу чувствително прашање, и јас не би сакала да коментирам сега. Сега има преговори меѓу Косово и Србија, технички дијалог, а тоа е важно за да се создадат нормални услови за живот за луѓето од двете страни“,

изјави во интервју за РСЕ Тања Фајон, пратеник на Европскиот Парламент, член на Комитетот за надворешни работи и Комитетот за граѓански слободи и правда.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG