Достапни линкови

logo-print

Ватикан по 14 години ќе достави извештај за третман на децата


Ватикан соопшти денеска дека ќе го поднесе оваа есен долго очекуваниот извештај за третманот на децата до Обединетите нации. Светата Столица првично требаше да поднесе извештај во 1997-та, но тоа го одолговлекува, без да даде објаснување. Претставникот на Ватикан во Советот за човекови права во Женева, Силвио Томаси рече дека извештајот ќе биде претставен во септември или во октомври. Групите за човекови права побараа од Ватикан во извештајот да ја објасни нивнатаа улога во прикривање на злоупотребата на деца извршени од страна на католички свештеници.
XS
SM
MD
LG