Достапни линкови

logo-print

Куба и Иран лани протерале најмногу новинари


Иран и Куба заедно протерале многу повеќе новинари, отколку сите други земји заедно, се наведува во истражувањето на Комитетот за заштита на новинари. Од таму соопштуваат дека повеќе од 70 новинари биле протерани во егзил изминатата година, од кои повеќе од половината се од Иран и Куба. И двете земји протерале по 18 новинари. Истражувањето покажало дека повеќето ја напуштиле својата земја од страв дека ќе бидат затворене, а помал број побегнале откако биле физички нападнати или вознемирувани.
XS
SM
MD
LG