Достапни линкови

ЕУ ќе подготви санкции против режимот на сирискиот претседател


Претседателот на Сирија

Претседателот на Сирија

Министрите за нaдворешни работи на ЕУ денеска на состанокот во Луксeмбург се согласилe ЕУ да подоготви санкции против режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад. Санкциите најверојатно ќе бидат усвоени на Самитот на ЕУ , кој оваа недела ќе се одржи во Брисел. Сирискиот претседател пак за кризата во земајта ги обвинува “саботерите“. Тој во телезиско обраќање изјави дека неидентификуваните сили се виновни за ужaсниoт масакр, за насилствата, дека имаат софистицирано оружје и технологија за комуникација. Во обраќањето, Асад повика на национален дијалог, но рече дека е важно да се прави разлика помеѓу „саботери“ и луѓе со „легитимни барања“ за реформи. Според опозицијатаа повеќе од 1.400 Сиријците се убиени, а 10 илјади луѓе се уапсени, откако владините сили се обидоа да ги задушат протестите против режимот на Асад. Сириските власти спроведоа операција во северот на земјата што принуди повеќе од 10 илјади луѓе да ги напуштат своите домови и да одат во Турција.
XS
SM
MD
LG