Достапни линкови

logo-print

ПССЕ усвои извештај за изборите во Македонија


Предвремени парламентрани избори 2011

Предвремени парламентрани избори 2011

Во Извештајот за спроведените предвремени избори во Македонија што го усвои денеска Парламентарното Собрание на Советот на Европа, (ПССЕ) се наведува дека изборите биле демократски и добро организирани, но дека се уште постои простор за унапредување на работите.Во препораките од Извештајот се бара зацврстување на правните механизми за заштита од притисоци на вработените во државната администрација, ефективно спроведување на дело на правните одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборните кампањи на политичките партии и медиумите, земајќи ги притоа во предвид препораките на ГРЕКО од март 2010, изнесени во извештајот за Македонија. Советот инсистира на промовирање на културата на дијалог меѓу различните политички сили, независно на нивната етничка припадност, за барање на компромис со цел да се избегнат честите случаи на бојкотирање на парламентот. На македонските власти се сугерира да побараат и мислење од Венецијанската комисија за изменетиот Изборен законик, донесен на 5 април 2011, како и нејзина помош во зацврстувањето на правните и техничките капацитети.
XS
SM
MD
LG