Достапни линкови

Јемен-демонстрантите сакаат синовите на Салех да си заминат


Ахмед Салех, еден од синовите на претседателот

Ахмед Салех, еден од синовите на претседателот

Илјадници луѓе излегле денеска на улиците во главниот град на Јемен, барајќи синовите на претседателот Али Абдула Салех да ја напуштат земјата. Претседателот е во Саудиска Арабија на медицински третман. Ахмед Салех, еден од синовите на претседателот, командува со елитната претседателска гарда, најдобро обучената воена единица во земјата. Калед Салех е исто така командант во армијата. Протестите против Салех започнаа во февруари, демонстрантите сакаат тој да се повлече по 33 години на власт.
XS
SM
MD
LG